Програмот е наменет за работа во хотелски/мотелски рецепции.
  |
КУПУВАЊЕ
симнување на Софтвер за рецепција
симнување на упатство (.pdf)
верзија
|
- евиденција, преглед, печатење потврда за резервации,
- евиденција на гости,
- евиденција на мини бар и други услуги
- печати сметка на фискален печатач, хотелска сметка, фактура.
Ја олеснува работата на рецепционерот, но и на сметководствената служба.
Програмот користи SQL база на податоци со која се гарантира сигурност на податоците (под условите и упатствата на користење).
Со овој програм е можна евиденција на сместувачките капацитети со само едно ажурирање при прием на гостите и уште едно при нивното заминување.
Откако во базата еднаш се внесат податоци за собите, програмот овозможува нивен преглед по исполнетост, резервираност или по описот кој е внесен за нив. Ажурирање/промена на податоците за собите е секогаш можна.
Гостите се во фокусот на интерес на овој програм. Внесувањето на податоци за гостите во базата се прави „еднаш за секогаш“.
При нивното повторно гостување доволно е да се внеси само бројот на нивната лична карта/пасош или нивното име да се одбери од листата на сите што некогаш биле гости и податоците за нив програмот веќе ги има во резервацијата, пријавата или фактурата.
Сите услуги што хотелот/мотелот ги нуди, како
- различни аранжмани на сместување,
- користење на мини бар,
- ресторан,
- услуги од трети фирми за кои хотелот посредувал (такси, пицерии, цвеќари итн.)
можат да се нудат од рецепција веднаш по внесувањеѕо во базата на податоци. Нивниот список не е конечен и може да се ажурира во секој момент.
Генерирањето на фактури е едноставно и лесно. Се прави со само неколку потези со тастатурата.
Секоја фактура останува засекогаш запишана во базата на податоци и можно е нејзино повторно печатење ако за тоа се појави потреба.
При наплата секоја фактура може да се фискализира (да се отпечати фискална сметка), а при евентуална грешка истата да се сторнира.
Гостите се изненадени од брзината и точноста на пријавување/одјавување, а веднаш добиваат и фактура адресирана до нивната фирма.
|